Вчера и денес во Крушево, родниот град на нашата гордост Тоше, масовно ќе се слави верскиот празник Свето Преображение, манастирот каде Тоше го наоѓаше својот мир и каде ја црпеше сета енергија.
Луѓе од цел Балкан денес ќе се упауваат кон манастирот „Свето Преображение“ кој се наоѓа неколку километри над Крушево, каде ќе се одржи традиционалниот голем народен собир. Се претпоставува дека ќе пристигне и иконостасот од Белград.
Додека беше меѓу нас, улогата на домаќин на прославата на овој празник секогаш ја имаше Тоше; сега тоа ќе биде Фондацијата „Тоше Проески“.
Асфалтираниот пат кој го финансираше Владата е готов но ќе се пушти на 23 август, заради обврските на официјалните лица кои треба да присуствуваат на свеченото отворање, и се очекува наскоро да биде и осветлен, информираат од фондацијата „Тоше Проески“.
На свеченото отворање на патот кон манастирот ќе присуствува министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, а се очекуваа и присуството на премиерот Никола Груевски.