Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Најмногу гласови за восочната фигура на Тоше Проески Mon Sep 05, 2011 2:47 pm | |
| Најмногу гласови за восочната фигура на Тоше Проески Тоше Проевски води со 32 отсто пред Новак Ѓоковиќ за кој гласале 25 отсто од граѓаните кои сакаат да ја видат восочната фигура на починатата музичка ѕвезда во Музејот на восочни фигури во Јагодина, Србија. На интернет- страницата на овој музеј има отворено гласање за тоа кои личности треба да бидат ставени наскоро. Останати ликови кои се во трка се Драган Марковиќ Палма со 18 отсто од гласовите, Ана Ивановиќ со 8 отсто, Емир Кустурица со 3 отсто и Горан Бреговиќ, Јелена Јанковиќ и Јанко Брашиќ со 2 отсто. Овој Музеј е отворен во 2008 година и во него има 28 фигури. Овде се изложени најважните личности од историјата на Србија од областа на културата, науката и спортот, а покрај восочните фигури претставени се и оригинални костуми, оружје, ретки книги и други предмети.
- Објавено: 04.09.2011 13:06
- www.plusinfo.mk/
| |
|