Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Скулптура на Тоше во Скопје Thu Oct 13, 2011 10:21 pm | |
| Монументалната скулптура со ликот на Тоше Проески, изработена од академскиот скулптор Сретко Јовановски, ќе биде поставена на Мостот на уметноста во Скопје.Монументалната скулптура е изработена од академскиот скулптор Сретко Јовановски, а на делото високо два метра прерано починатиот македонски пејач Тоше Проески е претставен со едната рака на срце, а во другата држи микрофон. - Делото е статично. Не сакав да го претставам многу раздвижен бидејќи во таа положба тој прави гримаси и тоа може да изгледа чудно како скулптура во ликовна смисла. На секој настап по завршувањето на песната секогаш ја ставаше раката кај срцето и велеше: „Ве сакам сите“ - вели авторот Јовановски во изјавата за „Дневник“. Во недела, на 16 – ти октомври се навршуваат четири години од трагичната смрт на Тоше. Во негова чест утрово осумнаесет маратонци го започнаа својот пат во 6:20 часот од Нова Градишка, Хрватска, место каде нашиот Тоше во 2007 година го загуби животот во сообраќајна несреќа. | |
|