Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: „Тоше, засекогаш во нашите срца“ Fri Oct 14, 2011 9:15 pm | |
| Учениците од ПСУ „Петта приватна гимназија“ во сабота, ќе отпатуваат во Крушево на еднодневна екскурзија со цел да ја посетат спомен-куќата на Гумење на нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески.По повод четвртата годишнина од неговата прерана смрт која се случи на 16 октомври, учениците со професорите на Меѓународната фондација Тоше Проески ќе им подарат уметничка творба „Тоше, засекогаш во нашите срца...“. Творбата е изработена под менторство на наставникот по ликовна уметност, м-р Милош Милосавлевиќ и наставничката по македонски јазик, Соња Попоска. Делото е насликано со ликот на Проески и извадоци на стиховите од неговите популарни песни. -Идејата за изработка на ова дело беше моја, а активно го подготвуваа 4 ученички од ПСУ „Петта приватна гимназија“. Делото со димензии 100x70 е од комбинирана техника и беше изработено за три дена, изјави за Курир, наставникот Милосавлевиќ. Подарувањето на уметничката творба ќе се одржи во 12.00 часот на Гумење во Спомен-куќата на нашиот Тоше Проески. | |
|