Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Гладни сме за музиката и насмевката на Тоше Sat Oct 15, 2011 10:26 am | |
| ВЕЌЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ ОКТОМВРИ Е МЕСЕЦ НА ТАГАТА
Гладни сме за музиката и насмевката на ТошеУтре се навршуваат четири години од мигот кога од Хрватска стигна кобната вест дека миленикот на нацијата Тоше Проески не напушти засекогаш и замина во вечноста, по стравичната сообраќајна несреќа. Од она тажно магливо октомвриско утро, кога на 16 октомври 2007 година на автопатот Нова Градишка - Загреб, на 26 години згасна неговиот живот до ден-денеска нема утеха. Можеби единствена мала по огромната загуба се неговите безвременски песни. Публиката, која со години и беше верна на најголемата македонска ѕвезда, ги одбележува сите позначајни датуми од неговиот живот. На сите собири во негова чест солзите се јазик за болката. Се е болно и тажно без момчето со ангелски глас, но сите што го сакаа доаѓаат да ја продолжат неговата мисија - да шират љубов, да си подадат рака и да се сакаат. Токму така ги учеше и нивниот идол. Болката, тагата, неверувањето и денеска не стивнуваат. Се уште се присутни и подеднакво силни како и на денот кога Македонија и целиот Балкан ја слушна страшната вест. Семејството Проески ја изгуби својата втора рожба, но милионската публика го изгуби својот херој. Тука не важи онаа дека времето ги лекува раните. Никогаш нема да се залечат. Се уште сонуваме дека сме заедно, но остана само споменот за момчето со ангелски глас и срце кое имаше неизмерна љубов за сите. Ги сакаше сите, но и сите го сакаа него. Неговата скромност, чесност, искреност беа само дел од карактеристиките кои го правеа голем човек и верник. Не знаеше за суета, завист, подлост, лицемерие. Беше пример како треба да се однесува и постапува секој млад човек. Живееше без пороци, оддаден на музиката, верата и семејството. Но судбината си поигра со него и кобно беше прекинат неговиот животен пат во зенитот на славата. За кусо време успеа да направи Балканска слава и токму кога на дофат му беше светот, згасна се... Иако зад себе остави кариера, која уште за 100 години на ниту еден пејач од овие простори нема да му тргне од рака да ја направи. Ќе поминат години и години, но тагата, се чини, дека уште долго ќе остане недопрена затоа што и новите генерации и оние кои допрва ќе доаѓаат ќе растат со музиката на Тоше. Таа нема граници, туку само безвременска вредност. Неа не и можат ништо ни забот на времето ни пејачите кои доаѓаат. Тоше беше и остана еден и единствен. Затоа, можеби и не случајно, домашната музика многумина ја делат на два периода - оној на Тоше и оној по него. По момчето од Крушево кое секогаш остана доследно на корените, кое беше најголемиот и најдостојниот македонски амбасадор... Со ненаметливоста, со невините детски очи и ангелскиот глас и реченицата "Сите ве сакам!" успеа да го стави на колена целиот Балкан, иако летот кон светот беше прекинат, а неговиот живот токму како во судбинската "Игри без граници" со уште многу страници, празни, неиспишани... | |
|