Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Се подготвува концертот во чест на Тоше Fri Dec 30, 2011 3:36 pm | |
| Меѓународната фондација „Тодор Проески“ и Министерството за култура на Република Македонија, започнаа со подготовките на четвртиот меморијален концерт посветен на македонската легенда Тоше Проески.Концертот ќе се одржи на 21 јануари и ќе биде поинаков од претходните меморијални настани, со концепт кој произлезе од големата љубов на Тоше кон класичната музика . На настанот публиката ќе има можност да ги слушне неговите најголеми поп хитови во нов оркестарски аранжман, изведени од најголемите оперски пејачи од земјава и Балканот. Поради потребите од специјалната акустика, настанот ќе се одржи во наменски избран простор – Македонска опера и балет, а целата јавност ќе го проследи со директен телевизиски пренос. За деталите поврзани со настанот Фондацијата јавноста ќе ја извести на прес конференција која ќе се одржи по новогодишните празници. Валентина Ѓоргиевска Парго | |
|