Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Билетите за концертот за Тоше до 25 евра? Tue Jan 10, 2012 4:48 pm | |
| Меморијалниот концерт кој во чест на најголемата наша легенда Тоше Проески ќе се одржи на 21 јануари, ќе има поскапа цена од вообичаено. Дознаваме дека наводно билетите ќе се движат од 20 до 25 евра. Меѓународната фондација Тодор Проески и Министерството за култура на Република Македонија, го подготвуваат четвртиот меморијален концерт посветен на македонската легенда, но со поинаков концепт од претходните. Концертот произлезе од големата љубов на Тоше кон класичната музика и затоа ќе се изведуваат неговите најголеми поп хитови на оперски начин. Нив ќе ги изведат најголемите оперски пејачи од земјава и Балканот. Поради потребите од специјалната акустика, настанот ќе се одржи во наменски избран простор – Македонска опера и балет, а оваа сала собира најмногу околу 1.000 луѓе. Бидејќи интересот е преголем, а салата не собира многу, наводно е одлучено влезниците да чинат поскапо. Целата јавност концертот ќе го проследи со директен телевизиски пренос. | |
|