Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Специјални награди за Маја Оџаклиевска и за Тоше Проески (15.5.2006) Mon Nov 05, 2012 8:46 pm | |
| НА „ЕВРОФЕСТ-2006“ Специјални награди за Маја Оџаклиевска и за Тоше Проески Пејачките ѕвезди Маја Оџаклиевска и Тоше Проески ќе добијат посебни награди на јубилејното десетто издание на фестивалот „Еврофест“, што ќе се одржи на 27 и 28 октомври во Македонската опера и балет. Наградите ќе им бидат доделени во чест на хит-рефрените што токму на овој фестивал ги испеале пред многу години. Маја Оџаклиевска на „Еврофест“ го испеа „Многу солзи“, а Тоше евергринот „Сонце во твоите руси коси“. На втората фестивалска вечер ќе се одржи шоу на сите досегашни победници на овој фестивал на забавни мелодии. Се очекува да настапат некогашните победници Калиопи, Ѓоко Таневски, Бојан Маровиќ од СЦГ, Хелена Благне од Словенија и многу други. | |
|