Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Лилјана Петровиќ ќе лобира за Калиопи Fri Apr 27, 2012 9:23 pm | |
|
Поранешната менаџерка на Тоше Проески, Лилјана Петровиќ е дел од евровизискиот тим на Калиопи. „Со цел за што подобро претставување на Калиопи и Македонија на претстојниот евровизиски фестивал во Баку, тимот на Калиопи реши да ги исконтактира луѓето кои се најискусни и најкомпетентни во однос на Евровизија, со цел да се помогне во реализацијата, лобирањето и презентирањето на овогодинешниот претставник и песна за Евосонг во Азербејџан“, соопштува менаџерката на Калиопи, Лорета Андовска. Првиот човек кој решиле да го контактираат е Лилјана Петровиќ, која со своето евровизиско искуство, контакти, реноме и почитта која ја ужива во европските земји, може да даде голем допринес за Македонија. „Со тоа таа само уште еднаш ја докажа нејзината поврзаност и љубов кон Македонија и затоа сме и многу благодарни“, додаваат во соопштението. Покај Петровиќ, вклучени се и сите досегашни соработници од менаџерскиот тим на Калиопи надвор од Македонија. нашата делегација годинава е засилена со уште две имиња – Russell Davies и Roy Bennett од Англија, кои со нивното долгогодишно евровизиско PR искуство допринесуваат многу за презентацијата на нашата песна и изведувач во Баку. Сето тоа е одлично и секоја чест за подготовките, ама никаде во соопштението не видовме кој ќе биде преведувач… Силвана Јовановска БезПардон.Мк | |
|