Во Крушево неодамна дојде министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и ги посети мајка му и таткому на Тоше.
Тогаш вели зетот на балканската звезда, татко му го праша министерот дали како што ветила владата ќе го прави гробот на Гумење или семејството само да си го направи, пренесува утрешен Фокус.
Министерот според зборовите на Славе Ристевски одмолчел,не му одговорил ништо. А и откако заминал до ден денес не пратил абер.
И од фан клубот на Тоше биле кај министерот Јанакиевски и го прашале дали ќе го прават гробот како што ветиле или да направат хуманитарен концерт и да соберат пари за да се направи гробот, кој според проектот на владата има црква фонтани и парк. И фановите како што велат добиле неодредено празно ветување од министерот.
И од кабинетот на председателот Ѓорге Иванов немаат одговор дали и кога ќе се реализира ветувањето за изградба на меморијалниот комплекс на местото каде што е вечното почивалиште на најголемата македонска звезда. Елена Доцевска од кабинетот на председателот за Фокус кусо одговорила – ние не знаеме ништо јавете се кај Андреј Николовски претседател на одброт за изградба на меморијалниот центар и директор на фондацијата Тоше Проевски.
- Македонскиот Парламент во 2008 година изгласал одлука за изградба на меморијален центар во чиј склоп е и гробот на Тоше. Прцелата на која што треба да се гради има приватни сопственици ,спроведена е постапка за експропијација пред Управниот суд, но повеке од 6 месеци од судот нема никаков одговор – вели директорот Андреј Николовски.
Зоран Василевски
(Читајте повеќе утре во печатеното издание на дневен ФОКУС)[/center]