Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: СКАНДАЛ – Ѓумар барал 2.000 евра за концертот за Тоше?! Sat Jan 21, 2012 2:11 pm | |
| На почетокот на вчерашната генерална проба за вечерашниот концерт за Тоше, во МОБ се одвивала голема драма. Диригентот Саша Николовски- Ѓумар, професор, голем пријател на Тоше и аранжер на многу негови песни, ја напуштил генералната проба, со барање организаторот да му исплати 2.000 евра! Од организациониот одбор му одговориле дека можат да му дадат до 700 евра. Во меѓувреме викнале друга диригентка, но Ѓумар се вратил. Тој беше придружник на Тоше на големите концерти, како и на концертот во Белградска арена. Дента, кога го изгубивме Тоше, студентите ја памтат изјавата на Ѓумар, кажана низ солзи – „Како јас сега ќе живеам без Тоше?“За првиот Меморијален концерт на Градски стадион „Тоше, те сакаме сите“ се зборува дека втората сопруга на Ѓумар, Камелија Левенска за помагањето побарала хонорар околу 1.300 евра. Организаторот не сака да потврди дали и исплатил, но наши извори велат дека исплатена и е таа сума. Синоќа пробата се одвивала до 23 часот. Пејачите умерено оперски ги пееле песните, не како што се очекуваше целосно оперски. На самото место се правеле одредени корекции. Денес има друга проба од 11 часот. Вечер е концертот од 20 часот. Концертите за Тоше иако се хуманитарни, речиси сите учесници се исплатени со солиден хонорар. Валентина Ѓоргиевска Парго БезПардон.Мк | |
|