Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Тоше заборавен од своите, но испочитуван на Балканот Mon Oct 17, 2011 6:06 pm | |
| Денес, Балканот ја одбележува четиригодишнината од смртта на Тоше Проески. Не случајно велиме Балканот, бидејќи Тоше беше балканска мега ѕвезда, а очигледно, многу повеќе е почитуван ширум некогашна Југославија, отколку во својата родна Македонија.Тоше заборавен од своите, но испочитуван на Балканот Недела, 16 Октомври 2011 22:25 30 Коментари Денес, Балканот ја одбележува четиригодишнината од смртта на Тоше Проески. Не случајно велиме Балканот, бидејќи Тоше беше балканска мега ѕвезда, а очигледно, многу повеќе е почитуван ширум некогашна Југославија, отколку во својата родна Македонија. На наше огромно изненадување, секако позитивно, останавме приковани за телевизиските екрани на белградска РТС, којашто очигледно вложила доста труд, организација, но пред сè љубов за да ја направи вечерашната емисија комплетно посветена на нашиот Тоше. Во меѓувреме, во Македонија, добивме неколку прилози од Крушево во дневниците на нашите телевизии, целодневна програма на Антена 5 со хитовите на Тоше, неколку самоиницијативни акции од самофинансирани организации, по некоја статија на македонските портали, како што е редот нели, но, вистинскиот потег го направија соседите, во рацете на РТС, мораме да признаеме. Ние од Бркај работа, јавно ги замолуваме сите фактори во Македонија, без разлика дали се тоа телевизии, продукциски куќи, радија, политички партии, следната година да не го заборават нашиот Тоше и соодветно да ја одбележат петгодишнината од неговото прерано заминување. Во емисијата се појави семејството на нашиот ангел, неговиот бенд, најдобрите пријатели, неговите колеги пејачи... и сето тоа склопено совршено. Знаеме дека парите го прават своето, но нас како искрени вљубеници во ликот и делото на македонскиот пејач Тодор Проески, којшто македонскиот народ го промовираше во странство на вистински начин, нè боли да гледаме дека во Македонија неговиот помен помина како обичен ден, а таму некаде, преку границата како ден којшто мора да се одбележи соодветно. Но... сеедно. Тоше ќе биде запаметен и ќе живее вечно во нашите срца, без разлика дали медиумските моќници ќе го заборават. | |
|