Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Зошто пропаѓа гробот на Тоше Проески? Mon Aug 06, 2012 11:08 am | |
| Зошто, ни пет години по смртта на еден од најдобрите пејачи на Балканот, на неговиот гроб не е поставена надгробна плоча, ниту споменик? - реакција на српскиот весник novosti.rs Во октомври се навршуваат пет години откако во сообраќајна несреќа загина македонскиот пејач Тоше Проески, еден од најдобрите машки вокали на Балканот. Погребан е во Крушево, на Гумење и на петгодишнината од неговата смрт на гробот не е поставена ниту надгробна плоча, ниту споменик. Што да се каже за конструкцијата на кровот на кој е ставен плексиглас кој не може да задржи малку пообилна количина на снег и дожд? Градоначалникот на Крушево одбива да разговара на оваа тема, велејќи дека гробот на Тоше не е во негова надлежност. Во близина на Крушево пејачот почна да го гради манастирот Св. Преображдение, кој се финансира со доброволни прилози. За завршување на започнатата работа (осликување на фреските и нови конаци), потребни се уште 300.000 Евра. Македонската црква не вложила ниту денар во овој проект, ниту пак е заинтересирана за истиот. Нема одговор ниту на прашањето зошто се отпуштени 17 хонорарно вработени лица во Спомен куќата на Тоше, па и таа сега пропаѓа. Новинарите бараат да се објасни апсурдот зошто во Спомен куќата на Тоше нема место за неговиот омилен автомобил Volksvagen buba кој прекриен со цирада стои во дворот на комшиите на Тоше. Обожавателите на Тоше од Србија и Хрватска својата љубов кон пејачот ја искажаа на многу оригинален начин – му купија телескоп и планираа да го вперат кон ѕвездата која го носи името на суперѕвездата Тоше Проески. Наместо тоа, неотпакуваниот телескоп стои во ходниците на Фондацијата Тоше Проески. Дали Тоше заслужи вакво нешто? | |
|