Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Toše Proeski Fan Radio
RADIO WITH LOVE WITHOUT BORDERS! - IN MEMORY OF TOSE PROESKI! DOBRODOSLI NA LIVE CHAT ,RADIO & TV POSVECEN TOSI PROESKOM. INFO NA http:tosefanradio.forumotion.com * contact us : tosefanradio@yahoo.com
Subject: Вистината за Тоше: Интервју со Божиновски Wed Nov 02, 2011 11:05 am
Интервју со новинарот Зоран Божиновски за неодамнешните контроверзни изјави за смртта на Тоше Проески.
Во врска со нашата ѕвезда, ќе можете ли да ни објасните подетално за мислењето дека постои можност сè уште да е жив и да живее во манастир? Имате ли некој извор што ве навел или ви дал доказ дека постои можност да живее таму, а не на некое друго место?
Прво, никаде не сум го кажал тоа што го пренесувате од медиуми што се „искршија“ од напори да ја свртат наопаку приказната, од насоката во која се движи. Јас упорно тврдам дека она утро кај Градишка, според мене, не се случила сообраќајна несреќа, поради тоа што едниот учесник го снема. Тоа е возачот на камионот, во кој се удри џипот, Славиша Кузмановиќ. Ниту го има камионот, ниту има други сведоци, Ѓорѓе и Лилјана не се сеќаваат. Сте се обиделе ли да го пронајдете и да го контактирате возачот на камионот?
Најавив новинарска истрага. Кога ќе ја завршам книгата и ќе одговорам на сите прашања што ги нареков најважни, тие се околу дваесетина, а имам уште триесет други помалку важни. Возачот на камионот го нема никаде. Заедно со уште десет луѓе од Србија го бараме четири години. Таков човек не постои. Нема податок кога влегол во Хрватска, кога се приклучил на автопатот, кога излегол од него, кога ја напуштил Хрватска. Значи, никако таму не се случило сообраќајна несреќа. Но, еве, и понатаму продолжува перењето пари, во главна улога на „Tомато“ и Ласто Николовски, без „Авард“, затоа што сега се сменија играчите: Славе Ристевски е играчот наместо Лилјана Петровиќ. Четири години Ристевски трча зад мене и плаќа медиуми по Хрватска и Србија да ме блокираат или ако пробијам некаде и успее тоа да стигне до јавноста сосем наопаку да се сврти целата приказна. Другиот столб во оваа криминална приказна е ТВ „Пинк“ и „Сити рекордс“, носителите на музичките права на изданијата на Тоше. При секоја мала дојава до Славе Ристевски дека некаде ќе дадам изјава или интервју се креваат на нозе адвокатите на „Пинк“ и на „Сити рекордс“ и се закануваат со тужби. Таму каде што тие се немоќни настапува Славе лично. Така беше и случајот со прославата на денот на раѓањето на Тоше Проески, кога по инсистирање на „прва српска телевизија“ дадов изјава што беше измонтирана и подготвена за емитување. Ристевски со телефонски повик до уредничката на нивната емисија успеа да ја „симне“ од програма пет минути пред емитување. Славе им ветил дека ќе дојде во Белград и ќе даде изјава, па ќе ги емитувале и мојата и неговата. Уште една од тие сплетки деновиве беше налогот од Жељко Митровиќ и Боки 13 да ме вовлечат во дебата со некоја си дебилна изјава. Затоа што му заврши иднината и нему, па како „ексклузивец“ на ТВ „Пинк“ мораше да помага. 16 октомври 2007 година Нова Градишка е само тажно финале. Вечерта пред да тргне на пат, во „Вртелешка“, пред целата јавност Тоше изјави дека му е преку глава! За она што го пишува во „Курир“ и во другите српски медиуми, дека живее во изолиран манастир, дали можете подетално да објасните.
Прво „Курир“ е српски, па тогаш ви е јасна и провокацијата! Со јасно истакнување на Ватикан. Тие ќе си ги водат нивните вековни војни и понатаму, ама преку мене тешко ќе оди тоа. Ќе објавам сурово реална книга, фактографски поткрепена до детали. Многумина од нив ќе ги заболи глава. Ова им се последни обиди да ме оневозможат, бидејќи потоа е доцна.
Можете да ја дознаете целата вистина и тврдењата зад кои Зоран Божиновски стои цврсто на неговата група: https://www.facebook.com/pages/Toše-žrtva-kriminalnih-klanova-/239096909480335 На вас останува да верувате во она што ќе изберете.