Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Спомен куќата на Тоше води на листата најдобар архитектонски проект во светот за 2011 Fri Oct 21, 2011 4:09 pm | |
| Спомен куќата на Тоше Проески на чекор да го освои првото место на натпреварот за најдобар архитектонски проект за 2011 година на светскиот фестивал во Барселона. Во конкуренција на повеќе од 700 проекти, спомен куќата на последниот ден од гласањето е на првото место. Најдобрите три влегуваат во најтесна конкуренција за кои на интернет страницата на организаторот на фестивалот ќе може да се гласа до 4. ноември, кога архитектите ќе ги образложат своите дела во пред жири комисија. Проектот за Спомен куќата на Тоше е на прво место на светскиот фестивал за архитектура во Барселона. За неа до сега гласале 6.947 луѓе, затоа што токму на таков начин преку гласање на ОpenBuilding - интернет страницата која го организира натпреварот, се врши изборот на најдобрите. Во конкуренција од 704 дела, Спомен куќата за време на гласањето варирала од петтото до второто место за најдобра градба во светот. Денеска од трето, стигна на прво место пред „Атмосферата” во Калкута Индија и „Музејот на споменот и толеранцијата”, дело изградено во Мексико Сити. Пријавувањето на делата било во јули, гласањето започнало во август. Завршува денеска. Првите три кои ја добија симпатијата на луѓето, но и нивните гласови, продолжуваат понатаму. За нив може да се гласа до 4 ноември. Тогаш архитектите ќе имаат 10 минутна презентација на својот проект пред жири комисија. Која од нив ќе победи и ќе го однесе приматот за најдобра градба во светот ќе одлучат и бодовите од жирито и бодовите од гласовите. Покрај што на интернет страницата се прикажани сликите на сите 704 архитектонски решенија, за секое од нив има по неколку реченици. За Спомен куќата за Тоше пишува дека е изградена во Крушево на Гумење како спомен за пејачот Тоше Проески кој загина пред 4 години. Тагата на луѓето за смртта на поп пејачот со ангелски глас во регионот била голема, колку и за смртта на Елвис Присли и Џон Ленон, пишува на сајтот. Во јули своите архитектонски дела ги пријавиле 1.000 автори, но само 704 се избориле за борба за првото место. Меѓу нив се градби во Москва, Џакарта, Тајван, Истанбул Сан Франциско. За помалку од еден месец ќе се знае дали наградата за најдобро архитектонско решение во светот ќе стигне во Македонија. Емилија Јовановска | |
|