Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Toše Proeski Fan Radio
RADIO WITH LOVE WITHOUT BORDERS! - IN MEMORY OF TOSE PROESKI! DOBRODOSLI NA LIVE CHAT ,RADIO & TV POSVECEN TOSI PROESKOM. INFO NA http:tosefanradio.forumotion.com * contact us : tosefanradio@yahoo.com
Спомен – куќата на Тоше најдобра според бројот на гласови, на потег е жирито
Author
Message
Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
Subject: Спомен – куќата на Тоше најдобра според бројот на гласови, на потег е жирито Fri Nov 04, 2011 6:01 pm
Гласањето за објектите кои се најдоа на првите три места заврши денеска. Во телефонски разговор Секуловски за Канал 5 изјави дека до 16 часот ќе завршат со презентацијата. Тогаш ќе се знае дали од Барселона ќе се вратат со највисокото признание. Кој ќе победи ќе решат добиените гласови и бодовите од жири комисијата.
Се поизвесно е дека проектот за спомен куќата на Тоше може да победи и да ја добие наградата за најдобра градба на меѓународниот фестивал за архитектура во Барселона.
Делото на „Синдикат студио“ е на првото место на интернет порталот open buildings и до сега за него гласале 15.000 луѓе од целиот свет. По неа се Музејот на сеќавањата и толеранцијата во Мексико Сити со речиси 8.000 гласови и Атмосфера во Калкута со 7.000.
Гласањето за објектите кои се најдоа на првите три места заврши денеска. Авторите на спомен куќата, Дејан Секуловски и Дејан Спасеновски се подготвуваат за десетминутна презентација на проектот пред стручното жири. Во телефонски разговор Секуловски за Канал 5 изјави дека до 16 часот ќе завршат со презентацијата. Тогаш ќе се знае дали од Барселона ќе се вратат со највисокото признание. Кој ќе победи ќе решат добиените гласови и бодовите од жири комисијата.
Годинава прв пат е воспоставена наградата People’s choice award, со што за своите фаворити можеа да гласаат не само архитекти туку и луѓето од целиот свет. На натпреварот биле пријавени повеќе од 1.000 проекти, но право на учество добиле 704. Од самиот почеток на гласањето Спомен куќата на Тоше е меѓу фаворитите. На интернет порталот покрај сликите на спомен куќата и кои се авторите пишува дека е изградена во Крушево, Македонија, во чест на Тоше, момчето со ангелски глас.
Емилија Јовановска
Спомен – куќата на Тоше најдобра според бројот на гласови, на потег е жирито