Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Спомен-куќата на Тоше со годишна архитектонска награда Sat Dec 24, 2011 11:51 am | |
| Претседателот Ѓорге Иванов им ја врачи наградата за најдобро архитектонско дело на тројцата автори на спомен-куќата посветена на Тоше Проески, изградена на Гумење во КрушевоСо тоа проектот на Дејан Секуловски, Дејан Спасеновски и Илија Божиновски вечерва во зградата на Македонската опера и балет беше прогласен за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2011 година во Македонија. Асоцијацијата на архитекти на Македонија го организира прогласувањето најуспешно дело 17 година по ред, а претседателот е традиционално покровител на манифестацијата. - Секоја генерација архитекти има обврска да ја чува, но и да ја усовршува и збогатува сликата на македонската архитектура. Пред сè, одговорноста е пред идните генерации, бидејќи тие ќе бидат консументи и судии на она што ние сме им го оставиле како архитектонско наследство - порача претседателот Иванов. Илија Божиновски, еден од авторите, рече дека секој објект има своја специфика, но овој имал многу голема. - Затоа беше исклучително тешко да се работи на овој проект, но беше и привилегија и чест - истакна Божиновски. Според претседателката на жири комисијата, Мимоза Томиќ Несторовска, спомен-куќата претставува современ концепт на поимот монумент, со кој се надминуваат досегашните идеолошки условувања во однос на програмата и на значењето. | |
|