Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Руса и Пеце снимија песна од Тоше Sat Jan 07, 2012 7:21 pm | |
| Младата фолк пејачка Руса Андова по декемвриските турнеи кај нашите сонародници во Италија и Германија, за Стара Нова година е ангажирана да пее во Целје, Словенија. Пејачката овој период е турбо ангажирана. Наскоро планира нова песна, а кон крајот на февруари или почетокот на март планира да објави албум и спот. Руса минатата година сними дует со крушевскиот пејач Пеце Ристески, „Прости ми“. Интересно за оваа песна е што автор на музиката е Тоше Проески, кој кога ја компонирал му рекол на Пеце да ја испее во дует со млада пејачка за да и помогне во афирмацијата. Пеце на некој начин го оствари аманетот од Тоше, но не доби официјална дозвола за објавување од Фондацијата „Тоше Проески“.Руса е млада и надежна пејачка, која настапува од својата 14 година, но имаше одредена пауза кога го роди синот Лео. Има снименo шест песни, една во дует со Тања Блажева, „Дечко не губи време“, настапи на „Охрид фест 1998“, на „Роса“, а имаше гостувања во Шведска и Австрија. Валентина Ѓоргиевска Парго | |
|