Иако сеуште не одржан , концертот во чест на Тоше Проески веќе доби многу негативни критики. Не за идејата на реализација туку поради шпекулациите дека влезниците на истиот ќе чинат од 1200 до 1500 денари.
“Ако ова е вистина тогаш срамота е што после толку време сеуште се обидува да се прави пари на неговото име и дело”, ова е само еден од коментарите на неговите фанови по објавувањето на информацијата.
Веста која како дилема ја објави Утрински весник ги разгневи фановите на Тоше бидејќи знаат дека нема да можат да си дозволат да присуствуваат на концертот не само поради ограничениот број на карти туку и поради високата цена.
“Ако е хуманитарен концертот другите изведувачи не треба да земаат пари за изведбата ако веќе дошле да пејат во чест на Тоше и се хумани цели. Тоше никогаш не земал пари од хуманитарен концерт ... билетите се претерано голема цена што многу фанови не би можеле да издвојат толкава сума за да дојдат. Билетите кај Тоше никогаш не биле скапи а и со помала цена ќе има повеќе народ од кој секако ќе се надмине сумата од помалку луѓе со 20 и 25 евра влезница. НИКОЈ НЕ СТЕ ДОСТОЈНИ ДА ОДРЖИТЕ КОНЦЕРТ ВО НЕГОВА ЧЕСТ”.
Ова е еден од најискрените и коментар кој навлече голема дискусија за концертот во чест на Тоше. Многумина се согласија со ставот на овој фан на Проески.
Веста сеуште не е официјално потврдена, но Фондацијата “Тоше Проески” и Министерството за култура сеуште преговарале за конечната одлука. Овој пат концертот во чест на Тоше Проески ќе има еден сосема поинаков концепт поттикнат од големата љубов на Тоше кон класичната музика.
На сцената најавено е дека ќе се појават 90 музичари, се подготвуваат и нови аранжмани за песните а сето тоа финансиски чини многу, појасниле организаторите на меморијалниот концерт.
Најголемите поп хитови во нов аранжман за жал во живо ќе може да ги слушнат само оние кои ќе обезбедат место во Македонската опера и балет, сите други ќе мора да се задоволат со директниот пренос на МТВ. Хитовите ќе бидат отпеани од познати оперски пејачи од Македонија и Балканов.
Овој четврт по ред меморијален концерт бара посебни услови, особено поради потребната акустика. Концертот ќе се одржи на 21 Јануари, деталите и конечната одлука дали картите навистина ќе бидат по цената за која што се шпекулира сеуште не се знаат. Останува да чекаме на деталите.
Што мислите вие?