Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Замина….но, продолжи да живее во нашите срца. Засекогаш!!! Wed Jan 25, 2012 5:27 pm | |
| “Ангел беше на земјата, ангел ќе бидеш на небото“…замина, а сепак остана. Во секоја голема светска новинарска агенција, беше објавена веста за смртта на Тоше Проески. Сите агенции го нарекоа “најголема балканска ѕвезда“, а Би-Би-Си, неговата слава на Балканот ја поистовети со онаа на Елвис Присли во САД. По веста за смртта на Тоше Проески, на плоштадот во Скопје беа отворени книги на жалост, а илјадници Македонци ги оставија своите последни пораки, му ја оддадоа последната почит. Исто така, беше отворена и петиција за името на Тоше Проески да го носи Средното музичко училиште во градот Битола, каде што учеше Тоше Проески. Истата петиција важи и за промоција на хуманитарен фестивал кој би се одржувал секоја година на денот на неговата смрт односно на 16 октомври. | |
|