Жестоки реакции на социјалните мрежи и форумите низ земјава, откако беше изгласан ребалансот на буџетот со кој се избриша ставката за изградба на спомен плоча на гробот на најголемата ѕвезда од земјава Тоше Проески.Реакциите ви ги пренесуваме во целост:
- Кога иде период за организирање концерти по повод роденденот или смртта негова, ватевр, тогаш веднаш се се може, затоа што тука лежи пара. Да се изгради меморијален дом можеше и да лупнат карта да се наплаќа. Ама надгробната плоча не им носи никаков ќар, па затоа не ја ни прават. А да не почнам нити да зборувам дека ова е трошок ништо во споредба со тоа на што се се испофрлаа пари. Нема оправдување кој требал,а кој не требал, смрди корне на лицемерие, вели граѓанин.
- Златни коњи може, ама не може да се среди достоинствено вечното почивалиште на Тоше, кој за разлика од коњите, со гордост и со мерак зборуваше за Македонија и денес цел Балкан го сака Тоше. Во сред Србија, во преполна Арена, 20.000 во еден глас ја пееја Тајно моја на македонски јазик, ден денес се ежам максимално... Цела бивша Југославија очигледно не мислела дека “ова веќе е претерано“, затоа што РТС, пази национална телевизија на Србија на еден толку достоинствен начин му го одбележаа поменот, а тука речиси немаше ништо. Тој беше амбасадор на Македонија, жареше и палеше со гласот, а тука уште викате неговите треба да се грижат за тоа. Тој е дел од културата на Македонија. Неговите родители уште не можат да си дојдат на себе, они да граделе... Родителите еј!!! Родителите!!! Ги ставате нив у муабетов??!!! Толку хуманитарни концерти направи, еден лош збор не кажа за никој и сега не требало више за него да се замараме, а? Толку дечиња беспомошни направи среќни, али не, државата не треба да се замара со тоа!!!! Државата треба да се грижи за културните наследства (а тој остави наследство)!! Кога ќе спомнеш Македонија на Балканот, прва позитивна асоцијација (модерна, не зборам за јадење и пиење и народните песни) се Тоше.
- А спомен куќата зошто е?Наплаќаат карта за влез+внатре има бутици на секој ќош кои пола и повеќе роба ја даваат без фискална,а има и еден кафич или некој си прави бизниси на туѓа сметка/слава.
- Не за друго, срамота е. Идат таму и од други држави го посетуваат гробот, зарем треба да гледаат колку мува не не лази? Толку пари на глупости се плеснаа, од ова ли дојде да се куси?
- Човек како што беше Тоше еднаш се раѓа во државава. Да не ги зборувам хуманитарните акции за деца без родители, уплатените донирани суми во образованието, во детските клиники и сл. Да не зборувам и за музиката и песните што ги имаше... Благодарение на албумот „Божилак“ многу луѓе и деца научија да ги пеат старите Македонски изворни песни кои дотогаш не ги ни знаеа. Тоше не беше човек што бараше нешто за возврат. Тој сакаше само да бидеме насмеани, хумани, да зрачиме со позитивна енергија, да бидеме зближени и да уживаме во неговата музика. Што се однесува до куќата на неговите родители, не беше ништо посебно. Обична куќичка како и сите останати во Крушево. Владата прави споменици да. Мислите дека 4 коња во Жена-Парк и девојка-ангел повеќе вредат од споменикот на Тоше? За златни коњи има пари а за споменик нема? Има пари за објект на влада во барок стил а нема за споменик? Жалосно стварно, нека ни прости Господ како нација, а нека им прости и на поединците кои му скориваат коски и кои плукаат на неговиот спомен. Срамота и греота е луѓе!
-Добро тоа ете направија спомен куќа , но имаат пари за позлатените ангели , Птоломеј , коњите и слично а немат пари за ова е стварно е страмота! Дека не се грижиме за нашите херои тоа одамна е кажано не сум ни знаел дека Питу почива спроти Проески најискрено и за ова е виновна државата! Коа сме веќе кај ваквите гафови и нелогичности неможам да се помирам дека покрај толку споменици , школи , улици и незнам што барем една да се крстеше по Колозов...
- Не стануав збро за голема сума на пари, така да можеше и да го усвојат за да го направат... Кога можат за три врби да дадат 250.000 евра, зашто да не можат да дадат 10-15.000 евра за да се среди гробот на личност која што на сите ни значи во нашава држава.