Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Зоки Фаци ја нападна естрадата поради негрижата за гробот на Тоше Sun Aug 12, 2012 3:39 pm | |
| Неколку дена по ред естрадниот новинар Зоран Василевски-Фаци на својот Фејсбук профил јавно ја повикува македонската естрада да направи хуманитарен концерт за да се соберат средства за обнова на распаднатиот гроб на легендата Тоше Проески. - Читам во медиумите, домашните и балканските, како пишуваат дека гробот на Тоше после пет години се распаѓал. Јас не сакам да ја обвинувам Владата, зашто сметам дека македонската естрада може повеќе да направи за нивниот почитуван колега.Тоше не беше политичар, беше естраден уметик и затоа јавно ја прозвав нашава естрада да организира хуманитарен концерт. Тошка сите награди и признанија ги донесе во неговата земја, земја која многу ја сакаше.Зарем Каролина, Калиопи, Слаткар или Ребека немаат никаков коментар во врска со распаѓањето на неговиот гроб? Или треба да чекаме балканските ѕвезди да пројават ваква иницијатива. Не разбирам зошто молчат пејачите. Тоше имаше душа за сите, тие тоа најдобро го знаат.Јас нема да престанам јавно да ги прозивам се додека не излезат да пеат за него.И тоа без пари - вели Василевски. Инаку, дневниот весник Ден и една штипска телевизија први ја објавија медиумската војна помеѓу новинарот Василевски и македонската естрада. | |
|