Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Ѕвездено небо и хуманост во чест на Тоше Thu Oct 04, 2012 10:33 pm | |
| Интернационалниот Тоше Проески фан-клуб форум, повторно го одбележува 5ти октомври, како ден на кој нивната гордост пред 5 години го имаше својот последен и најуспешен концерт на Градски Стадион. Тоше тогаш посака, на овој датум секоја година, да биде заедно со своите фанови, да ужива, да ја слави музиката и да го трaсира патот на хуманоста. Можеби судбината го направи своето, но фановите не дозволуваат неговата желба да падне во заборав. Настанот „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ ќе започне во 19:30 со емитување на видео спотови на Тоше, а од 20ч. па се до 22:30 ќе бидат емитувани концертни настапи на Тоше, на плоштадот Македонија. За време на настанот ќе биде прикажан видео запис кој до сега не е емитуван за јавноста. Крајот ќе биде проследен со голем огномет. Традиционално ќе се одржи и крводарителска акција организирана од Интернационалниот Тоше Проески фан-клуб форум и Црвениот Крст на град Скопје, поддржана од Меѓународната фондација „Тоше Проески“. Под мотото „Јас штотуку спасив живот, а Вие?“, во просториите на фондацијата „Никола Кљусев“ (веднаш до Дом на АРМ) од 10ч до 18ч, фановите ве покануваат да се продолжи патот на хуманоста по кој Тоше чекореше. За овие фанови не постојат граници, а дефиниција за љубов вечно ќе биде Тоше. | |
|