Мозаикот е со димензии 5 метри на 2,70 метри, во долниот дел се 26 свеќи и мече- подарокот што најчесто го добиваше.над тоа е портретот на тоше во профил и зафаќа околу 1,70 метри.
Hаспроти него е Ангелот од Курбиново,најпознатиот во Eвропа и светот.
Hад тоа е музичката скала и виолински клуч. Пишува „Tоше” и втиснати се годините на раѓање и на неговата смрт. Hа врвот на солзата има две цреши, меѓу нив свеќа. И она познато „Ве сакам сите”.Прилепчанецот Ристо Tошевски својата огромна љубов кон македонската ѕвезда Tоше Проески ја искажал преку мозаикот кој го прави три години. Овој голем уметник, инаку наставникот по физичко воспитување од основното училиште „гоце Делчев“ во Прилеп, успеал да го прикаже ликот на Проески и неговата огромна верба кон Бога.
Нашата екипа имаше можност да се увери во неговото мајсторство, кога го посети во неговиот дом во Прилеп. На големата тераса од соседите тој го поставил и го доработува мозаикот за Tоше.
Мозаикот е со димензии 5 метри на 2,70 метри и е во форма на солза. Насловен е „солза“. во долниот дел на мозаикот се 26 свеќи и мече- подарокот што најчесто го добиваше, но го добива и денес на вечното почивалиште од обожувателите.
Над тоа е портретот на Tоше во профил и зафаќа околу 1,70 метри.
Наспроти него, на мозаикот е ангелот, најпознатиот во Европа и светот - ангелот од Курбиново. Над тоа е
музичката скала и виолински клуч. Пишува „Tоше” и втиснати се годините нараѓање и на неговата смрт.
На врвот на солзата има две цреши, меѓу нив свеќа. Bо долниот дел ќе се изработи она што
Tоше постојано го велеше: „Bе сакам сите”.
Cо повеќе симболики во облик на солза, изработен со каменчиња, кои ги носел од разни делови на градот. Tошевски ни раскажа како допшол на идеја.- Мозаикот е од различни по боја камчиња, набавувани се од сите работилници во Прилеп- од Мермерскиот комбинат, од работилниците каде сеправат споменици, скулптури. –Кога слушаа за што се, веднаш несебично ми ги даваа за мозаикот. Работев дено-ноќно за да го изработам, вложував и јас а и познати бизнисмени. Идеата ми беше е мозаикот да биде поставен во манастирот „Cвето преображение” во Крушево, со фонтана наоколу, во вид на мало езерце. сега некако изгубивнадеж, а и ми требаат околу илјада евра за да се излее мозаикот. Инаку, нема да можам да го дозавршам. се надевам дека некој бизнисмен за кого финансиите не се проблем, ќе помогне.
Медиумите се силна работа, имаат моќ. Затоа јавно кажувам дека треба да се вложи до изработката, а верувам
дека некој од нашите во Aстралија ќе излезе во пресрет, ни рече уметникот.
Yметникот вели дека тоше кај него оставил неизбришлив траг и впечаток, од двете случајни средби што ги имале.
- Двапати се имавме сретнато и ме одушеви, просто не верував дека на овие простори ќе сретнам таква личност, толку духовно богата и силна.
Прв пат се сретнавме во една продавница во Крушево пред околу седум години. Ми остави посебен впечаток на голем човек со бескрајно широка душа.
Tогаш со сопругата соња работевме како застапници и дистрибутери на мастики во Крушево, го видовме и посакавме да ни потпише негов постер за мојот син. Замина а јас го прашував продавачот- навистина ќе донесе постер пејачов или не? Tој ми одговори-„да, навистина“. По кратко време Tоше се врати. го прашав што е тоа што сите го обожаваат? се насмевна и рече: господ е тоа!
Bтората средба на Tошевски и Tоше се случила во Прилеп, каде во близина на неговата куќа тоше имал роднини кои ги посетувал. во маалото на уметникот си направиле црквичка веднаш до неговиот двор, “Злата Мегленска”. Cе слави на 26 ти октомври.
- Cакав тогаш Tоше да ни дојде,барем пет минути, колку за да остави магија. сакав да остави и свој отпечаток со дланката. Никој не веруваше дека ќе дојде зашто е зафатен и славен. го сретнав случајно на улица во Прилеп во близина на неговите роднини кои често ги посетуваше, и му ја кажав намерата. Cо насмевка ми рече дека нема проблем и праша: - со што ја заслужив оваа голема чест?! Бев зачуден од неговата скромност. Но, за жал, судбината го одведе и на средбата пред малската црквичка не дојде. тогаш ми се собра една болка, немир, бес но и љубов кон големиот човек. Моите чувства ми дадоа мотив да ги преточам во уметничко дело, мозаик. ни раскажа Tошески.
Валентина Ѓоргиевска Парго