Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Тајна е кој ќе ја пее „Тајно моја“ на Тоше Проески Thu Oct 11, 2012 3:44 pm | |
| Изборот на најдобри 20 евергрин-композиции што ги обележаа изминатите педесет години влегува во помирни води. Душко Ѓошевски, проект-менаџер на манифестацијата „50 години евергрин“, ни потврди дека за песната на Кире Костов што ја изведуваше Тоше Проески - „Тајно моја“ е најдена адекватна замена, но изведувачот не се открива до самиот крај. Најпосле се разјасни и дилемата околу композицијата на Трајче Манев, „Осамен“, која се најде на листата на најдобри 20 композиции, но беше под знак прашалник со оглед на тоа дека Славе Димитров е потписник на нејзиниот аранжман. „Нема никакви промени во конечната листа на топ 20 евергрини. Во моментов сме во преговори и договори со изведувачите, речиси сите се известени, а наскоро ќе потпишат и официјален договор. Песната ’Осамен’ останува на наш ризик и за неа ќе се прави нов аранжман за симфониски оркестар“, ни изјави Душко Ѓошевски, проект- менаџер на манифестацијата „50 години евергрин“. Неофицијално, меѓу изведувачите нема да го видиме Кемал Монтено („Ивана“), кој поради здравствените проблеми нема да биде дел од овој проект. За потсетување, меѓу најдобрите 20 евергрини се пласираа „Сите мои слики“ – „Ареа“, „Моја гитара“ – „Банкрот блуз бенд“, „Дал да плачам ил да пеам“ – „Бис без“, „Галебе“ – Верица Ристевска, „Кажи нешто драга“ - Драган Мијалковски, „Љуби ме и главата горе“ – Зафир Хаџиманов и Сенка Велетанлиќ, „Како Вардар“ – Зафир Хаџиманов, „Остани во мене“ – Калиопи, „Ивана“ – Кемал Монтено, „Високи штикли и црни чорапи“ – „Конкорд“, „Неправда“ – „Лева патика“, „Сонце за три светови“ – Мики Јовановски- Џафер, „Кажи зошто ме остави“ – Никола Боби Автовски, „Еден бакнеж“ – Нина Спирова, „Се' што сакав по тебе“ – Симеон Гугуловски, „Тајно моја“ - Тоше Проески, „Осамен“ – Трајче Манев, „Срце тетовирано“ – Трифун Костовски и Александар Митевски, „Кога те нема“ – Хелена Благне и „Роза сина“ – Диме Поповски и Зоран Милосавлевиќ. Манифестацијата „Евергрин Македонија“ ќе се одржи на 26 октомври во Универзалната сала, со почеток во 20 часот, а присутните ќе имаат ексклузивна можност, во живо, да ги проследат избраните Топ 20 евергрин композиции. Песните ќе бидат изведувани од Симфонискиот оркестар при Македонската опера и балет под диригентство на Бисера Чадловска. Влезниците се веќе пуштени во продажба по цена од 500 денари. Организатори на настанот се продукциската куќа „Грин ентертејмент“ и ПР-агенцијата „Чептер 4 Македонија“, а уметнички директор е Драган Б. Костиќ. | |
|