Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Toше Илиeв opгaнизиpa xумaнитapeн кoнцepт вo чecт нa Тoшe Пpoecки Wed Jan 23, 2013 12:38 pm | |
| Хуманитарен концерт насловен „По патеките на Тоше“. Повод, роденденот на Тоше Проески. Го организира Тоше Илиев од Кочани, кому трагично загинатата ѕвезда му помогна во најтешкиот период од животот кога требаше да замине на сложена операција во Хановер, Германија. Проески тогаш за него одржа хуманитарен концерт во спортската сала, а со средствата од продажбата на билетите на малиот Тоше тогаш му беше спасен животот. Сега тој се оддолжува кон својот херој со концерт што ќе се случува ден пред неговиот роденден. - Концерот ќе се одржи в четврток. Пораката и целта се хумани. Да се продолжи неговото дело, да се слуша неговата музика и да им помагаме на нашите сограѓани, рече Тоше Илиев, организатор на концертот. Концертот ќе започне во 20 часот, а ќе се одржи во спортската сала. Билетите се пуштени во продажба по популарна цена од само 50 денари. Со свои песни, но и дел од најголемите хитови на поп-иконата настапуваат Маријачи, групaтa Лавиринт, Бојан Андов, Павле Зашев, Оливер Стаменков и Славица Стојанова, хорот и оркестарот при СОУ „Љупчо Сантов“, како и зумба-танчерките од училиштето. Собраните средства ќе бидат наменети за помош на семејството Димитрови од Бели, чии членови се социјално и здравствено загрозени. | |
|