Спомен-куќата на Тоше победува и објекти од милиони евраМеморијалниот музеј на Проески во изминатава недела се искачи на високото третото место, во рамките на манифестацијата Open Bilding, People’s Choice Award 2011, која првпат ја организира Светскиот архитектонски фестивал (WAF) кој ќе се одржи во ноември во Барселона, Шпанија
Спомен-куќата на Тоше Проески влезе меѓу најдобрите архитектонски дела од 65 земји кои ќе бидат презентирани на Светскиот архитектонски фестивал (WAF) во ноември во Барселона, Шпанија. Во рамките на фестивалот годинава за првпат се одржува и манифестацијата Open Bilding, People’s Choice Award 2011, каде што по електронски пат може да се гласа за објектите што ќе бидат изложени на фестивалот. Меморијалниот музеј на Проески во изминатава недела се искачи на високото третото место. Со ова Македонија за првпат ќе се презентира на една ваква манифестација преку авторите на проектот Дејан Спасеновски, Дејан Секуловски, Илија Божиновски и „Синдикат студио“ под своето уставно име.
Спомен-куќата на прерано починатата македонска ѕвезда ќе се натпреварува во категорија на објекти од областа на културата - музеи. Најголеми конкуренти се: „Гуангзоу опера хаус“, Кина на Заха Хадид, „Сперон вествотер“ од САД на Фостер и партнерите, „ХАРПА концертен и конгрес-центар“ во Рејкјавик (Исланд) на „Хенинг Ларсен архитекти“ и „Батерид архитектс“, „Хоки музејот“ во Јапонија на „Никен Секеј“ и Музејот во Ливерпул, Велика Британија на 3XH.
Успех за македонската архитектураМакедонскиот музеј обезбеди влез во конкуренција од 1.000 проекти од светот, од кои за повеќето се потрошени милионски суми, а за селекцијата решаваше жири составено од светски докажани архитекти.
- Ова е голем успех за нас, за македонската архитектура и за државата. Една од целите при создавањето на Меморијалниот музеј во Крушево беше достојно презентирање на Македонија и во меѓународни рамки, како и претставување на делото на Тоше Проески. Тоа го препознаа и од селекционата комисија составена од видни луѓе во архитектонскиот свет. Тие ја почувствуваа нашата искрена намера при создавањето на проектот, но и духот на Тоше, кој може да се насети во секој дел од куќата - истакнува архитектот Дејан Спасеновски.
На Светскиот архитектонски фестивал (WAF) што ќе се одржи од 2до 4 ноември во ноември во Барселона ќе бидат изложени 704 изведени објекти и структурирани дизајни во периодот од 2010 година. Ова е клучен настан во глобалниот архитектонски календар, кој привлекува над 10.000 делегати од целиот свет. На фестивалот ќе се прогласи победник и ќе се доделат признанија, за кои ќе решава жири составено од врвни светски архитекти.
- За нас голем успех е самото учество на оваа манифестација, која ја собира најдобрата архитектура под еден покрив. Не очекуваме награда од причина што таму ќе бидат изложени проекти изградени со милионски буџет. Но, често големината на зданијата и вложените пари не се пресудни да се привлече вниманието, а ние тоа го потврдивме со нашиот проект. Всушност, ова е манифестација на престиж и не се доделува парична награда - вели Спасеновски.
Светскиот архитектонски фестивал е единствената средба на архитектите, набавувачите и клиентите која привлекува посетители од целиот свет.
Над 100.000 го посетиле музејотСпоред архитектите, специфичноста на Спомен-куќата на Тоше е едноставната, чиста и монументална композиција. Основната карактеристика што го прави проектот впечатлив се двата потега: полно и празно, светло и темно, при што за материјализацијата на објектот се користени два материјала: бетон и стакло. Монументален по големина, што соодветствува со големината на делото на Тоше, по архитектонскиот израз е многу едноставен што претставува и алузија на неговата животна филозофија.
- Музејот досега го посетиле 100.000 обожаватели. За нас, како архитекти, големата посетеност значи дека сме допреле длабоко во душата на посетителите. Горди сме што нашата идеја преточена од парче хартија, изработена преку изведбен проект стана реалност. Основната замисла е објектот да живее онолку колку што ќе живее и делото на Тоше Проески - појаснува Спасеновски, кој најавува дека музејот ќе биде претставен и на други светски архитектонски фестивали во светот.
Музејот го изгради Владата на РМ преку Министерството за култура. Тој почна да се гради во 2009 година, а беше отворен на 23 април годинава.
Министерството за култура го поддржа учеството на архитектите на Светскиот архитектонски фестивал.
Соња Алексоска-НеделковскаМузејот трет според интернет-гласачитеОбјектите што ќе бидат изложени на светскиот архитектонски фестивал во Барселона за првпат годинава се презентираат и на интернет-страницата во рамките на натпреварот Open Bilding, People’s Choice Award 2011. Според бројот на гласовите на посетителите на веб-страницата openbuildings.com/peoples_choice/waf/leaderboard, во изминатава недела меморијалниот дом на Тоше се искачи на третото место. Сите вљубениците во архитектурата ќе може да гласаат на оваа страница до 28 октомври.
Доминација на светската дизајнерска елита На WAF се слават достигнувањата на огромната разновидност на архитектонските практики. Победник на ланското издание е архитектонската градба Националниот музеј уметноста на XXI, дизајнирана од Заха Хадид, која живее и работи во Лондон. Фестивалот нуди програма од презентации, семинари и изложби. Со свои проекти ќе се претстави водечката светска елита предводена од: „Фостер и партнерите“, Хадид, и 3XH, презентирани преку своите најнови достигнувања. Нивно дело е хотелот „Бурџ“ во Дубаи, дизајниран од сер Норман Фостер, добитник на највисоката награда за животно дело Pritzeker award.