Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Рекорден број крводарители во чест на Тоше Проески Thu Oct 06, 2011 6:56 pm | |
| четврток, 06 октомври 2011, 15:38Рекорден број крводарители во чест на Тоше Проески Рекордни 350 крводарувања се регистрирани годинава на територија на град Скопје во рамки на акцијата во Домот на АРМ организирана во чест на Тоше Проески, од страна на Црвен крст на град Скопје и Тоше Фан Клуб Форумот. Од вкупниот број крводарители, 129 беа студенти, а 19 ученици од средно училиште. - Младите луѓе беа и се уште се поттикнати од хуманото дело на Тоше Проески и продолжуваат да чекорат по неговиот хуман пат, стои во соопштението од Црвениот крст на Град Скопје. | |
|