Погледнете ги ексклузивните фотографии до кои дојде Курир од скулптурата на Тоше Проески која ќе го краси Мостот на уметноста во Скопје.Скулптурата на неповторливиот Тоше ќе биде готова за околу еден месец, изјави за Курир скулпторот Сретко Јовановски.
-Скулптурата на Тоше од гипс, во понеделник ќе биде испратена да се лее во бронза, вели авторот Јовановски.
На делото високо два метра, прерано починатиот македонски пејач Тоше Проески е претставен со едната рака на срце, а во другата држи микрофон
Монументалната скулптура „Тоше Проески“ ќе биде централна меѓу 29-те бронзените статуи на Мостот на уметноста, што ќе ги поврзува ГТЦ и кружната зграда на Јавното обвинителство во Скопје.
Мостот на уметноста е проект на Општина Центар и е дел од „Скопје 2014“.