Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: РТС со емисијата за Тоше ги засрами македонските телевизии Mon Oct 17, 2011 6:12 pm | |
| Специјалната емисија во реализација на РТС под наслов „Балкан - сеќавање на Тоше“, ја собра музичката елита од поранешна СФРЈ во знак на сеќавање на трагично загинатата македонска иконаПесните на Тоше ги пееја Калиопи, Аки Рахимовски, Хари Варешановиќ, Александра Радовиќ, Јелена Томашевиќ, Бора Дугиќ, Тони Цетински, Сергеј Четковиќ, Нина Радојчиќ, Антонија Шола, Марија Шерифовиќ, Саша Ковачевиќ, Борис Режак и Мари-Мари. Во двочасовната програма „Балкан- сеќавање на Тоше“, емитувани се и прилози снимени во Македонија во родното место на Тоше, Крушево и во Скопје, за неговиот живот, кариера, за неговата хуманост и духовната страна на неговата личност, со изјави од неговиот чичко, другарите од основно училиште, професорите, колегите и бројните соработници. За разлика од државната телевизија на Србија која на вистински начин му оддаде почит на ликот и делото на Тоше Проески, македонските медиуми, а пред се телевизиите, останаа неми на 4 годишнината од загинувањето на најголемата македонска ѕвезда. Единствено со неколку прилози од Крушево во вестите на нашите телевизии, целодневна програма на Антена 5 со хитовите на Тоше и по некоја статија на македонските портали, беше одбележан денот од страна на македонските медиуми. | |
|