Во големата сала во Центарот за култура Марко Цепенков во Прилеп, во сабота на 29. октомври ќе се одржи Вториот традиционален „Класичен концерт“.Манифестацијата се одржува во чест на ликот и делото на македонската и балканска мега звезда Тоше Проески.
Оваа година на концертот ќе настапат најдобрите солисти и пијанисти од македонската класика како и првенката на МОБ, Славица Галиќ.
Концертот насловен како „Летот на Ангелот“ ќе се одржи во големата сцена во Центарот за култура, каде Тоше Проески во далечната 1996 година ја започна својата блескава кариера на Интернационалниот забавно музички фестивал „Мелфест“ и ја забележа својата прва победа.
Организатори се меѓународна организација за култура „Уметност 10“, Арт 10 продукција од Прилеп и Меѓународната фондација „Тоше Проески“. (Крај)