Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Toše Proeski Fan Radio
RADIO WITH LOVE WITHOUT BORDERS! - IN MEMORY OF TOSE PROESKI! DOBRODOSLI NA LIVE CHAT ,RADIO & TV POSVECEN TOSI PROESKOM. INFO NA http:tosefanradio.forumotion.com * contact us : tosefanradio@yahoo.com
Наградата за Спомен-куќата на Тоше ја афирмира Македонија
Author
Message
Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
Subject: Наградата за Спомен-куќата на Тоше ја афирмира Македонија Mon Nov 07, 2011 2:51 pm
Светската јавност импресионирана од спомен куќата на Тоше Проески.
Вклопувањето на меморијалниот центар на Гумење со традиционалната градба на куќите во Крушево, најинтересно за посетители на фестивалот за архитектура во Барселона каде овој објект беше избран за најдобро архитектонско дело за 2011 година.
- Стручното жири не го коментираше многу објектот, од аспект на архитектура. Беа презадоволни од тоа, повеќе се интересираа за Тоше и за архитектурата на Крушево која беше дел од презентацијата. За делото рекоа дека е одлично аркитектонско вклопување на локација и на топографија на теренот, извонредно извршено и применето во минималистичката архитектура која зборува сама за себе, рече Дејан Секуловски, еден од архитектите на Спомен Куќата на Тоше.
- Објектот е наменет за Тоше кој беше космополит, се роди во Крушево, припаѓаше на целиот регион и заслужи да има еден ваков објект во неговото место - истакна Дејан Спасеновски, еден од архитектите на Спомен куќата на Тоше Проески.
Министерката за култура смета дека овој успех ќе им отвори многу врати на архитектите.
- Оваа меѓународна награда е од голема важност и за самите архитекти, авторите на проектот и пред се за Република Македонија, како држава. Наградата ја потврди оригиналноста, инвентивноста и креативноста на архитектите на Спомен-куќата, Дејан Секуловски и Дејан Спасеновски, во соработка со Илија Божиновски и во иднина ќе им отвори нови можности, нови хоризонти за промоција на нивните авторски потенцијали, потенцира Канческа - Милевска.
Куќата на Тоше се натпреваруваше со уште 703 проекти од цел свет. Веднаш зад неа се идејниот концепт Атмосфета во Калкута и Музејот на меморијата и толеранцијата во Мексико Сити.
Елена Бошковска
Наградата за Спомен-куќата на Тоше ја афирмира Македонија