Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Toše Proeski Fan Radio
RADIO WITH LOVE WITHOUT BORDERS! - IN MEMORY OF TOSE PROESKI! DOBRODOSLI NA LIVE CHAT ,RADIO & TV POSVECEN TOSI PROESKOM. INFO NA http:tosefanradio.forumotion.com * contact us : tosefanradio@yahoo.com
Спомен куќата на Тоше Проески промоција за Македонија
Author
Message
Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
Subject: Спомен куќата на Тоше Проески промоција за Македонија Mon Nov 07, 2011 3:42 pm
Овие ходници, овие хали не се само празен простор. Ова е објект во кој во секое ќоше се отсликува душата на Тоше, секое делче е исполнето со љубов, какво што беше и неговото срце. Потврда дека ова не е само бетон, челик и стакло, туку нешто многу повеќе стигна и од престижниот меѓународен фестивал за архитектура во Барселона. Спомен-домот на Тоше најдобар во кокуренција на 704 објекти од целиот свет.
Покрај признание за архитектите, наградата значи и промоција на Крушево и на Македонија.
„Признанието People's choice Award ја афирмираше Република Македонија во меѓународни рамки, го афирмираше Крушево и се разбира ја запозна пошироката, јавност со ликот и делото на нашата музичка легенда Тоше Проески. Со објектите и инвестициите станавме препознатливи на светската архитектонска сцена. Меѓународната јавност умее да цени, умее да награди. Навистина е тешко да се создаде нешто, да се изгради објект со сите перформанси, по сите светски стандарди но, ваквите признанија ни се поттик повеќе да продолжиме со изградбата на капиталните инвестиции кои несомнено добиваат признанија и во светски контекст” – рече министерката Канческа.
15.078 гласови, изборот на обичните луѓе, беше потврден и од стручното жири. Зад спомен-домот на Тоше останаа Музејот на сеќавањата и толеранцијата во Мексико Сити и комплексот Атмосфера во Калкута. Објектот беше отворен во април годинава, се протега на површина од околу 870 квадратни метри и има форма на крст. Авторите Дејан Секуловски и Дејан Спасеновски беа избрани на јавниот меѓународен конкурс на Министерството за култура.
Спомен куќата на Тоше Проески промоција за Македонија