Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Нова награда за Спомен куќата на Тоше Fri Dec 23, 2011 10:45 pm | |
| Спомен-куќата на Тодор Проески на Гумење, во Крушево од авторите Дејан Секуловски, Дејан Спасеновски и Илија Божиновски е најуспешното реализирано архитектонско дело во 2011 година во Република Македонија.Наградата на Асоцијацијата на архитекти на Република Македонија што се доделува по 17-ти пат, вечерва на свеченоста во Македонската Опера и Балет им ја врачи претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов кој е традиционално покровител на оваа манифестација. -Архитектурата е огледало на степенот на развој, на културното и на цивилизациското постигнување во секоја држава, кај секоја нација. Македонската архитектура е, секако, одраз на вековни традиции, вредности, стремежи, идеи на македонскиот народ. Оттука, секоја генерација архитекти има обврска да ја чува, но и да ја усовршува и збогатува сликата на македонската архитектура. Пред сè, одговорноста е пред идните генерации, бидејќи тие ќе бидат консументи и судии на она што ние сме им го оставиле како архитектонско наследство, порача претседателот Иванов и им посака на членовите на овој еснаф уште многу градителски потфати кои ќе придонесат за збогатување на позитивната слика за македонската култура и за македонската држава. Претседателот на Жири комисијата Мимоза Томиќ Несторовска, образложувајќи ја одлуката истакна дека Спомен куќата на Тодор Проески ја потврдува отвореноста на современите сваќања за поимот монумент со надминување на досега познатите идеолошки условувања во однос кон програмта и значењето. -Објектот претставува современа концептуална разрешена просторна композиција многу блиска до спиритуалноста на скулпторскиот простор отколку до функционалните аспекти и формалните закономерности на архитектонската структура. Уметничката компонента во пристапот се препознава во ликовноста и внатрешната поетика на архитектонсктата форма - симболична, но истовремено ненаметлива како посредник во индивидуалната комуникација на посетителот со меморијалната функција на обкетот, рече Томиќ Несторовска. Добитниците едногласни во однос на значењето на оваа награда која се смета за најважна во областа на архитектурата, како поттик за идни постигнувања. - Секој проект има своја специфика, меѓутоа овој има многу голема. Беше тешко, но беше привилегија и чест да се работи на овој проект, рече Илија Божиновски Архитектите Секуловски, Спасеновски и Божиновски кои се дел од студиото Синикеит Груп, од Македонската авторкса агенција добија и авторски хонорар | |
|