Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Првата стихозбирка посветена на Тоше Проески Thu Dec 29, 2011 11:10 am | |
| Теодора Силјаноска има само 15 години, а веќе сигурно чекори во светот на литературата. Нејзината прва стихозбирка „Мисија“, во која стиховите му ги посветува на прерано починатиот пејач Тоше Проевски, неодамна доживеа виделина. - Уште од мала, воодушевена од неговиот глас, пишував стихови за Тоше. Не можев да преболам што веќе не е меѓу нас. Ги собрав сите песни што ги напишав за него и еве ги објавив во мојата прва збирка - вели младата поетеса. Таа пишува песни од прво одделение. Најпрво инспирација и биле песните за родината, а потоа почнала да пишува за сé што ја опкружува и што го чувствува. - Многу е убаво е да ги искажуваш чувствата. Се празнам духовно, преку стиховите ми се излева душата - додава Теодора. Објаснува дека уште отсега се определила литературата да и биде животен избор. - Сакам многу да читам и затоа одлучив мојот избор да биде литературата. Кога бев помала, идол ми стана Горјан Петрески. Сега најдрага ми е книгата „Отклучување на патиштата“ и не знам колку пати ја имам прочитано - раскажува гимназијалката, која ги совладува тајните во литературата и со помош на професорите во училиштето. Иако има добиено повеќе награди и признанија, најдраго и е првото место на натпреварот во Охрид, на кој победила со песничката „Песна за бабата“. Освен што пишува, Теодора црта и одлично свири на виолина. | |
|