Ариите на Тоше звучеа грандиозно...
Во чест на роденденот на легендарниот Тоше Проески (25-ти јануари), вечерва (сабота, 21-ви јануари) во
Македонска Опера и Балет беше одржан грандиозен концерт со наслов
Неговите арии, на кој беше ставен акцентот на најголемата љубов во животот на Тоше - операта.
Концертот кој собра околу 140 учесници, вклучувајќи ги тука големиот оркестар и хор, како и многуте изведувачи и инструменталисти, и секако бендот на Тоше започна со
Glide, од неговот англиско CD
The Hardest Thing, а како оперски арии беа изведени големите хитови:
Још увијек сањам да смо заједно, Пратим те, Има ли ден за нас, Игри без граници, Тајно моја... Дел од атмосферата ја имате
ТУКА...
Меѓу настапите на многубројните учесници на концертот – Сања Керкес, Иво Гамулин - Џани, Аленка Готар, Ѓорѓи Цуцковски..., гости од Србија, Бугарија и регионот..., беа емитувани ексклузивните снимки од операта
Деспина и Мистер Докс, на Димитрије Бужаровски, во која пред десеттина години учествуваше Тоше, како и снимките од неговите изведби на оперски арии, наполитански песни, и секако, македонските традиционални теми, кои Тоше ги пееше со посебно уживање.
Најпосле, концертот кој покажа уште една безвременска нитка од кариерата на Тоше, ќе го паметиме и по безвременските изведби на Симон Трпчески во темата
Љубена и Влатко Стефановски, кој брилјантно ги исполни
Арија и
Крушево, песната која ја компонираше самиот Тоше.
Крајот на концертот и припадна на македонската оперска примадона Весна Гинова - Илковска, со изведбата на
The Hardest Thing.
Концертот во чест на ликот и делото на Тоше Проески уште еднаш сврте внимание кон она што прерано замината македонска ѕвезда го работеше во животот. Иако повеќе не е со нас, преку неговите песни останува чувството дека сме се уште заедно...
Датум: 21.01.2012.