Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Хуманитарна забава по повод роденденот на Тоше Проески Fri Jan 27, 2012 6:23 pm | |
| Традиционално, секоја година општинскиот Црвен крст го одбележува роденденот на големиот хуманист Тоше Проески, со организирање на хуманитарна забава. Под мотото ,,СО ТОШЕ ВО СРЦАТА, СО ЉУБОВ КОН ДЕЦАТА”, младите на Црвен крст Охрид, на 28- ми јануари, сабота, организираат забава во ноќниот клуб “Revolution” со почеток во 20 часот па се до полноќ. На забавата ќе настапат млади музички таленти од Охрид кои ќе изведуваат композиции на Тоше. Се покануваат граѓаните масовно да ја поддржат акцијата и да бидат дел од хуманитарната забава, со цел да им се помогне на ранливите категории луѓе во Охрид и Дебрца. Цените на влезниците и пијалоците ќе бидат достапни за сите посетители. OhridNews | |
|