Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Промоција на монографија посветена на Спомен-куќата на Тоше Проески Thu May 17, 2012 3:42 pm | |
| Во овој објект досега влегле повеќе од 150.000 гости, посетители како од Македонија, така и од останатите земји во светотЛуксузно издание на монографија посветена на Спомен-куќата на Тоше Проески, ќе биде промовирана оваа сабота. Во овој објект досега влегле повеќе од 150.000 гости, посетители како од Македонија, така и од останатите земји во светот. За време на промовијата на монографијата ќе говори министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, а детскиот хор Ѕвончиња од Битола ќе изведат песни од Тоше. Учениците од училиштето во кое учел Тоше ќе изрецитираат неколку стихови за легендата која прерано замина, а предвидена е и ликовна колонија и настап на младата виолинистка Ева Богоевска. -Оваа монографија претставува еден мал патоказ кон содржините на Спомен-куќата, посветена на големиот уметник и човек, Тоше Проески. Монографијата може да се купи само во Спомен-куќата, па од тие причини, посетителот мора да дојде во овој дом за да може да го има ова издание во својата библиотека. Таа има задача да ги потсетува сите кои ја посетиле Спомен-куќата за се она што можеле и не можеле да видат, а од друга страна, треба да предизвика љубопитство кај некој кој случајно ќепочувствува местото каде што се вкрстуваат сите светови на Тоше Проески- велат од Министерство за култура. Монографијата започнува со историјата на Македонија претставена во кратки црти. Потоа следува приказ на сите најзначајни карактеристики на Крушево. По овој општ дел за градот и земјата во кои растел и живеел Тоше се наоѓа неговата биографија. На следните страници се претставени архитектонските карактеристики на Спомен-куќата, како и деловите од музејската поставка. Значаен сегмент на ова издание е и делот посветен на фановите на поп иконата, а монографијата се заокружува со наградата за најдобро архитектонско дело на Меѓународниот фестивал за архитектура во Барселона. Во монографијата доминираат прекрасни фотографии, од кои како ретко видени се издвојуваат ноќните прикази на Спомен-домот. Интелигентен обид е и потемниот тон на најголем дел од прикажаните фотографии, со што се дава доза на почит, носталгија, жал... Ова дело е поддржано од Министерството за култура, а текстовите се дело на Огнен Неделковски. | |
|