Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Министерството за култура: Името на Тоше Проески се злоупотребува Thu Jun 14, 2012 11:50 am | |
| Жалење и незадоволство изразува Министерството за култура од начинот на кој деновиве се злоупотребува името на Тоше Проески. `Тоше е личноста која остави траен белег во нашето севкупно културно живеење. Сметаме дека не е коректно, ниту доблесно и чесно да се манипулира со неговото име за дневно-политички цели. Овие манипулации ја девалвираат благородната мисија која овој голем уметник ја остваруваше во текот на целиот својот живот, потсетувајќи не на вистинската димензија на зборовите хуманост и човечност. Тоше Проески, со својата креативност и непосредност, низ целиот Балкан и пошироко, ја афирмираше културата на нашата држава. Неговиот лик, дело и почитта кон него ќе останат силно да живеат во нашите сеќавања`, стои во соопштението на Министерството за култура. Министерството за култура како и досега така и во иднина ќе дава поддршка за реализацијата на традиционалниот концерт во чест на Тоше Проески организиран од страна на Фондацијата Тоше Проески како и за сите проекти и активности на НУ Спомен куќа преку Годишната програма на Министерството за култура. Неодамна беше промовирана и Монографијата за Спомен Домот во која се илустрирани сите сегменти од изградбата на овој значаен објект, кој освои повеќе светски признанија. | |
|