Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: МК - Не е коректно, доблесно и чесно да се манипулира со името на Тоше за дневно-политички цели Thu Jun 14, 2012 12:29 pm | |
| Од Министерството за култура на Република Македонија со жалење реагираат на начинот на кој деновиве се злоупотребува името на Тоше Проески, личноста која остави траен белег во нашето севкупно културно живеење. - Сметаме дека не е коректно, ниту доблесно и чесно да се манипулира со неговото име за дневно-политички цели. Овие манипулации ја девалвираат благородната мисија која овој голем уметник ја остваруваше во текот на целиот својот живот, потсетувајќи не на вистинската димензија на зборовите хуманост и човечност. Тоше Проески, со својата креативност и непосредност, низ целиот Балкан и пошироко, ја афирмираше културата на нашата држава. Неговиот лик, дело и почитта кон него ќе останат силно да живеат во нашите сеќавања. Токму поради високите човечки квалитети, вредности и уметничките достигнувања на Тоше Проески, Владата на Република Македонија и Министерството за култура инвестираа во низа проекти, се со цел да се оддаде признание и благодарност за сето она што Тоше и го остави на нашата држава, стои во дописот од Министерството за култура на Република Македонија. Во родното Крушево се изгради Спомен куќа на Тоше Проески, која го доби статусот на национална установа од највисок интерес на државата, објект во кој низ целиот процес на изградба е вложена голема посветеност и љубов на сите оние кои беа вклучени и кои придонесоа до нас да се доближи неговиот животен пат и неговите уметнички достигнувања. Овој монументален по големина објект, еквивалентен на делото на Тоше, досега го посетија над 150.000 посетители. На достоинствен начин, споменот на нашата музичка ѕвезда се одбележа и со изградбата на патот до манастирот Св. Преображение, како и патот од манастирот до крстот, проекти кои ги реализираше Министерството за транспорт и врски, реагираат од министерството. - Министерството за култура како и досега така и во иднина ќе дава поддршка за реализацијата на традиционалниот концерт во чест на Тоше Проески организиран од страна на Фондацијата Тоше Проески како и за сите проекти и активности на НУ Спомен куќа преку Годишната програма на Министерството за култура. Исто така, Министерството ја помогна и реализацијата на документарниот филм „5 години Балкан“ како и издавањето на албумот на Тоше на необјавени песни на англиски јазик. Неодамна беше промовирана и Монографијата за Спомен Домот во која се илустрирани сите сегменти од изградбата на овој значаен објект, кој освои повеќе светски признанија. Сакаме да истакнеме дека многу општини, со изградба на паркови, фонтани, како онаа во општината Аеродром и именување на улици се вклучија во зачувувањето на споменот на овој наш голем уметник, а наскоро на мостот на уметноста, во центарот на Скопје ќе биде поставена и биста на Тоше Проески. Горди сме на сите овие инвестиции и проекти кои се искрена благодарност од сите граѓани на Република Македонија, за уметничкото наследство кое ни го остави Тоше Проески. Како и досега така и во иднина, Владата на Република Македонија и Министерството за култура ќе бидат отворени за поддршка на проектите што се поврзани со името на Тоше Проески, бидејќи само на тој начин можеме да ја втемелиме бесмртноста на неговиот лик и дело и да ја продолжиме неговата мисија, реагираат од Министерството за култура на Република Македонија. | |
|