Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Тоше е човек во кој додека гледаш сфаќаш колку маани имаш ти - дел од биографијата за Тоше Проески Tue Aug 14, 2012 9:49 am | |
| Фондацијата Тоше Проески подготвува биографија за животот на македоснката ѕвезда која згасна прерано. Доколку се оди по планираното биографијата треба да излезе во октомври, кобниот месец во кој Тоше загина во сообраќајна незгода, објави Свет. За животот на Тоше ќе зборува неговата сестра Дора, како и најблиските пријатели. Дора раскажува дека Тоше како дете сакал да стане ветеринар. Тој постојано секцирал жаби, проучувајќи ја анатомијата на животните. Но талентот си е талент. Навистина ќе беше жално таков ангелски глас да не запееше на македонската музичка сцена. За Тоше зборуваат и новинарите и композиторите кои работеле со него. Мирослав Рус, авторот на познатата Игри без граници и сопственик на издавачката куќа „Хит-рекордс ќе каже: -Тоше е човек во кој додека гледаш сфаќаш колку маани имаш ти. Во биографијата за животот на легендата по која плачеше не само Македонија туку и земјите во регионот нема да се остави многу простор за девојките. Поголем дел од тој живот ќе биде изоставен, а имињата на девојките кои сепак ќе бидат споменети нема да бидат откриени. А кого го интересираат девојките на Тоше?! Мојот живот игри без граници уморна приказна, скинати страници празни и неиспишани... пееше човекот со ангелски глас. Празните и неиспишани страници ќе бидат потполнети. Анегдоти, интересни информации кои досега јавноста не ги знаела, детали од детството на легендата која вечно ќе живее ќе ги исполнат страниците од биографската приказна која ќе се печати во само 4 000 примероци. | |
|