Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: РОБЕРТ БИЛБИЛОВ:По Тоше нема ѕвезди, ние само се трудиме да ве расположиме! Thu Aug 30, 2012 10:11 am | |
| "Во Македонија по Тоше нема ѕвезди, ние само се трудиме да ве расположиме", изјави Роберт Билбилов на концертот што затсиноќа се одржа во Ново Лисиче спроти фонтаната "Тоше Проески" по повод големиот христијански празник Богородица. На традиционалниот спектакл што се одржува години наназад овојпат настапија Миле Кузмановски, Дарко Илиевски, Димитар Андоновски, Симона Поповска, Магдалена Цветковска, Александар Тарабунов и Билбилов, кој освен со песна ги изненади присутните и со јавното признавање дека немаме ѕвезди. За разлика од многу колеги, посебно од оние кои со една отпеана песна сами на себе си го додаваат епитетот голема ѕвезда, Билбилов по се изгледа е најосвестен и знае дека пејач со таков епитет имавме само до пред пет години. Иако зад себе има два албума и освен како пејач докажан е и како композитор, аранжер, продуцент и инструменталист, сепак на Роберт славата не му удрила во глава и не му е тешко да признае дека моменталните изведувачи независно дали на поп или фолк сцената, служат само за да го забавуваат народот. Убаво кажано, ама тешко дека оваа гооолема изјава, со чест на исклучоците, ќе ги освести оние кои веќе влегле во филм дека се гооолеми... | |
|