Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Крводарителска акција во чест на Тоше Tue Sep 25, 2012 5:11 pm | |
| Фановите на Тоше Проески, традиционално, и овој 5 октомври ја организираат акцијата "Јас штотуку спасив живот, а вие?". Крводарителската акција во чест на Тоше, кој беше редовен крводарител, ќе се одржи во фондацијата "Никола Кљусев", која се наоѓа веднаш до Домот на АРМ, од 10 до 18 часот.
Организатор на настанот е интернационалниот Тоше Проески фан клуб форум, со поддршка од Црвениот крст на Град Скопје. Акцијата е подржана и од фондацијата "Тодор Проески".
Се одржува на 5 октомври, денот кога Тоше го одржа својот последен концерт во Скопје. | |
|