По повод одбележувањето на петгодишнината од трагичната смрт на Тоше Проески на 13.октомври (сабота) во Крушево ќе се одржи мемеоријален турнир во одбојка, на кој покрај екипата на Синалко од Крушево, ќе настапат уште Струмица од Струмица, Вардар од Скопје и Мавис од Штип.
Турнирот е во организација на ОК Синалко, со подршка на меѓународната фондација „Тоше Проески“, Одбојкарската Федреација на Македонија и Општина Крушево.
Инаку, Тоше беше активен одбојкар и капитен на клубот и настапуваше со дресот со број 9, а негова желба беше преку спортот младите да се отстранат од денешните пороци и да се вратат на спортот и здравиот живот.
Распоред на натпреварите: (полуфинале) Синалко – Мавис (10 часот) и Струмица – Вардар (11:30 часот). Полуфиналето се игра во два добиени сета, финалето и дуелот за 3.место во три добиени сета. Во 16:30 часот е почетокот на натпреварот за 3.место, а во 18 часот финалето.