Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Хуманитарен концерт на Тоше Илиев - „По патеките на Тоше (Проески)“ Wed Jan 23, 2013 12:27 pm | |
| На 24 јануари во Кочани ќе се одржи голем хуманитарен концерт насловен „По патеките на Тоше“, посветен на прерано починатата македонска музичка мега ѕвезда Тоше Проески. Концертот се одржува во предвечерието на роденденот на Проески, кој да е жив на 25 јануари би наполнил 32 години. Организатор е Тоше Илиев, момче од Кочани, за кого пред 12 години пееше Тоше Проески на хуманитарен концерт одржан во нашиот град. Концертот „По патеките на Тоше“ ќе се одржи во Спортската сала кај кочанската гимназија со почеток во 20 часот, а ќе настапат повеќе наши бендови и изведувачи. | |
|