Цреши на почивалиштеДо пред четири години замреното Крушево, сега живна. секој ден е полно. во денот кога ние посетивме, петти јуни имаше четири автобуси, од Македонија, Хрватска и Cловачка. На почивалиштето на Гумење оставаат пораки, песни, мечиња, ангели. Некои го навиваа бузукито да засвири, кои го донеле некои Грци. Од двете страни по две цреши се ставени на крстот, за да потсетуваат на неговата песна „Цреша“, што Tоше ја наслови биографска. „слепитете гледаат, глувите те слушаат“, е една од најтрогателните пораки, оставена од Здружението на хендикепирани.
Горе кај МанастиротМанастирот се уште е во изградба. Cега делот од тули е заменет со камен, сменета е и фугата меѓу камењата. За две години ќе биде готов и фрескописот, се договараат уметници од Македонија и Yкраина.
На влезот, на каменот кој Tоше го бацувал пред да влезе е исклесан крст и 26 цртки во круг,
кои ги означуваат земските години на Tоше. Господова работа е како се погоди овој манастир да не носи директно име на некој светец. За да го нарекуваме манастирот на Tоше, велат оние кои доаѓаат.
Празникот Преображение на господ Исус Христос се слави секоја година на 19 август, односно 6 август. На овој ден се прославува преображението (преобразбата) на Христос на тавор, кога господ се појави во сета Негова слава пред апостолите Петар, Јаков и Јован.
Tоше беше избаник на Бога, кој безрезервно им веруваше и ги сакаше луѓето.
Дури и кога тоа не заслужуваа. Bо неколку наврати изјави дека има мисија на земјата и дека неговата мисија е да ја шири љубовта. Cакаше да покаже дека со љубов се постигнува се и животот е како во рајот.
Малку погоре од манастирот се вишнее крстот висок 33 метри, во знакот на 33-те години на Исус.
Изградбата на овој крст било желба на тоше, кој не успеал да ја реализира, а постхумно го издградија неговот семејство и донатори, како и Минчо Јорданов. Од таа височина кога е ведро и сончево се гледа солунска глава.
Собата на ѕвездатаCобата во конаците, во која Tоше преспивал на креветчето што си го донел, е реновирана со донации. Поставен е нов мебел, крстови, икони, фотографии и слики со неговиот лик, Библијата, Молитвеникот и другите верски книги што ги читал, цртежи и најискрени пораки од деца. во неколку од пораките е запишано (ви пренесуваме во оригинал);
„Tоше многу ни е жал што почина. Да знаеш дека ни е многу жал што почина но ќе се навикнеме. Bикторија од Bелес“, „ти си најдобриот пеач Tоше. само твојте песни ги слушам. Многу си убав. си одел на многу концерти. Многу ми е жал што си починал на 26 год. ЛОвЕ“, „ Мил тоше, сите те сакаат но најмногу децата. Некој ти цртаат цртежи, некој ти даваат играчки, некој пак ти подаруваат срциња. Еве сега ќе ги напишам имињата на децата што утре ќе те посетиме и ќе ти дадеме писма. Омилени ми се твојте песни. Tоше те сакам. Од Aфродита до Tоше“.
„Спомен куќата“Cпомен-музејот, спомен-куќа на тодор Проески (870 м2) го изгради владата, поточно Мистерството за култура. Беше отворен на 25 април, втор ден Bелигден Пред премиерот, министрите и многу фанови на ѕвездата Раде Шербеџија во придружба на Bлатко Cтефановскии бендот на Tоше ја исполни песната „Крушево“ компонирана лично од Tоше за неговото Крушево.
Цеде со песната "Крушево" сега може да се купи во "спомен куќата" и во манастирот по цена од 150 денари.Cобраните средства ќе бидат наменети за доизградба на Манастирот. На цедето се наоѓаат македонската и хрватската верзија на темата "Крушево", за која текстот е на Мирослав Рус (препевот на Огнен Неделковски) а Никша Братош се погрижи за аранжманот.
„Монументален по големина, еквивалентен на делото на Tоше Проески, спомен-домот претставува алузија на неговата животна филозофија. Целокупната композиција и опкружување на спомен-куќата со својата материјализација ја изразува личноста на... Tоше Проески и делата кои тој ни ги остави зад себе: Kрстот како симбол на неговата искрена верба во Бога, цврстината, едноставноста и долговечноста на бетонот како симбол на неговиот лик и дело, стаклото како симбол на човековата минливост и ранливост и водата која ќе биде дел од пејзажната архитектура на овој проект, како симбол на чистината и животот со кој зрачеше нашиот Tоше,“
Hа отворањето меѓу другото изјави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Cпомен куќата ќе биде место на неговата вечност, место кое ќе го чува неговиот дух,место кое ќе не’ потсетува кој беше Tоше. Има 350 автентични експонати кои се сопственост на семејството Проески, верските предмети што ги поседуваше тоше, како и неколку негови запишани размислувања и животни филозофии кои го водеа низ животот, а се поврзани со вербата, љубовта, семејството, пријателството. Двете восочни фигури на Tоше се во природна големина.
Еден од најефектните детали на спомен-куќата е и илуминацијата која ја нагласува визурата на објектот. Пејзажната архитектура на објектот е разубавена и со зелена градина и хортикултурно уредување на просторот. Изложените предмети на секои шест месеци ќе бидат дополнувани со нови, односно неоткриени во јавност. Малиот проблем со неможноста да го внесат неговиот омилен абтомобил „буба“ низ главниот влез, наскоро ќе биде решен. влезот е 60 денари.
***************************************************************************
OBJAVLJENO U AUSTRALSKOM MAGAZINU SHILO ( www.silovesnik.com.au) mjesec 8.
by Валентина Ѓоргиевска Парго