Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Два дена сите патишта водеа кон манастирот на Тоше... Sun Aug 21, 2011 6:20 pm | |
| На 18-ти и 19-ти август се славеше Свето Преображение
Два дена сите патишта водеа кон манастирот на Тоше...
Вчера и денес во Крушево, родниот град на нашата гордост Тоше Проески, масовно се славеше верскиот празник Свето Преображение, манастирот каде Тоше го наоѓаше својот мир и каде ја црпеше енергијата. На 18. и 19. август во Крушево се слееа илјадници обожаватели на најголемата македонска музичка легенда, за да го прослават празникот на манастирот за кој Тоше постојано донираше, а потоа во негова чест и и многу негови почитувачи од цел свет.
Од најмали деца, до најстари баби и дедовци, луѓе од цел Балкан, најмногу од Македонија (Крушево, Битола, Прилеп, Кичево, Велес, Ресен, Скопје, Штип...), се упауваа кон манастирот Свето Преображение, кој се наоѓа неколку километри над Крушево, каде се одржа традиционалниот голем народен собир и се даваше посно гравче во трпезаријата на манастирските конаци.
Ја посетуваа и собата во која е креветчето во кое спиел Тоше, како и 33-метарскиот крст во месноста Вршник, во близина на манастирот, и почивалиштето на Тоше, како и неодамна отворениот музеј на мега ѕвездата.
Додека беше меѓу нас, улогата на домаќин на прославата на овој празник секогаш ја имаше Тоше, сега тоа е Фондацијата Тоше Проески. По заминувањето на Тоше (25.01-1981- 16.10.2007) се осветли мастирот и се асфалтираше патот до горе.
Тоше Проески, не само што беше најомилен и најсакан пејач на сите времиња, најдобар, најгласовит и најталентиран, беше идол и духовен водач на младите генерации, со својата добрина, вредност, упорност, како и со желбата се да се прости и секому да се помогне.
Принцот на добрината, убавината и талентираноста, Тоше, нашата голема поп-ѕвезда, во една пригода јавно рече: И по се, јас ќе завршам овде, во манастирот. Тоа ги обврза неговите обожаватели овој манастир да го чувствуваат за свое омилено катче, каде одат и палат свеќи, ја бакнуваат иконата со неговиот лик, го бакнуваат каменот на влезната врата што го бакнувал Тоше, му пишуваат пораки, му оставаат мечиња...
Се очекува в година да биде готов иконостасот, и манастирот да биде речиси готов...
Екипата на МММ
Датум: 19.08.2011.
|
| |
|