Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: РТС снима емисија за нашиот Тоше Wed Sep 28, 2011 5:50 pm | |
| По повод четири години од трагичната смрт на нашата легендарна музичка ѕвезда Тоше Проески, РТС снима емисија за најпопуларниот македонски пејач.Како што пишуваат поголем дел од српските медиуми, специјалната емисија под името „Балкан-сеќавањето на Тоше“, опфаќа документарна приказна за животот и работата на Тоше, но и своевидно музичко шоу во кое голем број пејачи од Македонија и Србија ги пеат неговите хитови. Екипата на овој јавен сервис поради снимањето на специјаланта емисија, ги посети Крушево и Скопје, додека останатите делови од емисијата ќе бидат снимани во студио на телевизијата на Кошутњак. Оваа емисија за нашиот Тоше ќе биде емитувана на 16-ти октомври, токму на годишнината од неговата смрт. | |
|