Tose Fan Radio Admin
Posts : 439 Join date : 2010-08-17
| Subject: Балканот ќе пее за Тоше Tue Oct 04, 2011 6:18 pm | |
| На четвртата годишнина од смртта на Тоше Проески, Радио Телевизија Србија во недела на 16.октомври на првата програма од 21 часот ќе ја емитува специјалната емисија под името "Балкан - сеќавање на Тоше", посветена на трагично починатиот пејач. По четири месечните подготовки, РТС влегува во завршната фаза на емисијата "Балкан - сеќавање на Тоше", која на едно место ќе ги собере бројните големи музички имиња од Србија, Македонија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Песните на покојниот Тоше Проески ќе ги изведат неговите колеги и пријатели. Јелена Илиќ како уредник на проектот, изјавила дека проектот од ваков размер е потполно некомерциjaлен и поради тоа е еден и единствен според сите барања и единствено е возможна негова реализација во РТС. Песните на Тоше ќе ги пеат: Аки Рахимовски, Хари Варешановиќ, Тони Цетински, Сергеј Четковиќ, Александра Радовиќ, Марија Шерифовиќ, Јелена Томашевиќ, Ања Рупел, Антонија Шола, Бора Дугиќ, Нина Радојчиќ, Саша Ковачевиќ, Борис Режак и Мари Мари, а ќе бидат проследени од оркестарот на РТС. Во програмата ќе биде емитуван и документарен материјал снимен оваа година во Македонија, односно во родното место на Тоше Проески Крушево и во Скопје. | |
|