По повод четири години од последниот, хуманитарен концерт на Тоше Проески, вечерва на плоштадот „Македонија“ во Скопје се одржува третата манифестација „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“, организирана од членовите на Фан клуб форумот на Тоше.
На собирот на голем видеобим поставен на зградата на Сити Галери се прикажуваат снимки од многубројните настапи на Тоше, а за крајот на манифестацијата закажан за 22 часот и 30 минути е предвиден и голем огномет.
Фан клубот во соработка со Црвениот крст на Град Скопје денеска од 10 до 18 часот во Домот на АРМ организираше и крводарителска акција во чест и сеќавање нан големиот хуманист Тоше Проески.
На 5 октомври 2007 година Тоше го одржа својот последен голем концерт на градскиот стадион во Скопје, чиј приход беше наменет за училиштата во Македонија.